Пожарите и се закануваат на древна Олимпија
26 август 2007Пожарите кои се уште беснеат во Грција му се закануваат и н археолошкото наоѓалиште на древна Олимпија. Властите спроведоа евакуација на тамошното население. Според последните податоци најмалку 53 лица ги загубија животите во пожарите во Грција, а од најпогодениот полуостров Пелопонез се евакуирани неколку илјади луѓе. Владата во Атина прогласи вонредна состојба и тридневна жалост. Во земјата се уште има активни пожари кои се надвор од контрола. Веќе пристигна и првата помош од ЕУ. 12 земји ветија испраќање на канадери и пожарникари. Полицијата уапси и неколку лица за кои се сомнева дека подметнале дел од пожарите.
Во Грција пожар избувна и во воз кој сообраќал во централниот дел на земјата. За среќа сите патници се евакуирани навреме. Не се знае причината за огнот.