Перез ќе се кандидира за претседател
30 мај 2007Реклама
Израелскиот заменик премиер Шимон Перез ја објави својата намера за учество на претседателските избори. 83 годишниот Перез својата одлука ја соопштил на средбата со пратениците од неговата партија Кадима. Ова е втор обид на Перез да ја добие функцијата претседател на Израел. На изборите пред седум години тој претрпе пораз од Моше Кацав.