Партијата на Абе загуби на изборите за горниот дом на парламентот
29 јули 2007Реклама
Јапонската владејачка Либерално демократска партија претрпе убедлив пораз на денешните избори за горниот дом на парламентот. На гласањето кое заврши пред два часа најмногу гласови освоила опозиционата Демократска партија. Владата на конзервативниот премиер Шинзо Абе сепак останува на власт со оглед на големото мнозинство во долниот дом на парламентот, но ќе се соочи со проблеми во натамошното владеење. Абе, кој пред десет месеци го наследи Јуничиро Коизуми, се поврзува со серија скандали, меѓу нив и оној за лошата политика во однос на пензискиот систем.