Партиските лидери не се договорија за уставни измени
8 април 2010Реклама
За владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ неприфатливи се предлозите на Нова демократија и на ДУИ, законите за култура и лични документи и донесувањето на државниот буџет да биде преку двојно гласање. Договорено е кон крајот на месецот повторно да се оствари лидерска средба на која ќе се знае дали ќе се направат измени во Уставот или не. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски рече дека доколку не се прифатливи сите предлози нема да има отворање на Уставот.
Автор: БГ/АТ/макфакс
Редактор: Александра Трајковска