Ослободен Хробог и неговото семејство
31 декември 2005Гранбувачите, како што соопштија јеменските власти, ги ослободиле поранешниот државен секретар во германското министерство за надворешни работи, неговата сопрувга и тројцата синови.
Минситерството за надворешни работи во Берлин предмалку ја потврди таквата информација.Шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер на прес конференција во Берлин соопшти дека телефонски се чул со Хробог, кој му потврдил дека сите членови на неговото семејство се чувствуваат добро. Штајнмајер рече дека семејството се наоѓа под ѕаштита на јеменските власти и оти по нив ќе биде испратен приватен авион.
Утрото беше соопштено дека поради интерни несогласувања, киднаперите во последен момент ги прекинале преговорите со јеменските власти за ослободување на петчленото семејство.
Хробог, кој и самиот е експерт за спасувачки операции и таква функција вршеше и во поранешната црвено зелена влада на Герхард Шредер, заедно со неговото семејство минатата недела исчезна во Јемен, каде беше на туристичко патување. Петмината Германци биле киднапирани во еден ресторан, во мал град оддалечен 450 километри од главниот град Сана.