Опцуј и чувствувај се подобро!
15 јули 2009Всушност, научниците очекуваа спротивен резултат. Поради тоа што пцуењето доведува до предимензионално доживување на болката, таа изгледа поголема, па се смета дека затоа е поголемо субјективното доживување на болката. Но сите дилеми ги разрешил еден едноставен тест. Шеесет и седум учесници, 38 мажи и 29 жени, морале да ја држат раката, што подолго можат, во вода со температура од само 5 степени, а притоа требале да повторуваат пцовки (по слободен избор). Во вториот експеримент, исто така ја држеле раката во студена вода, но повторувајќи неутрален збор кој опишува некој едноставен објект.
Жените повеќе се опуштаат кога пцујат
За време на секој опит, научниците го мереле пулсот и чувството на болка на испитаниците. Тие кои пцуеле можеле подолго да ја држат раката во студената вода и ја доживувале болката како помалку непријатна. Заклучено е дека постои и извесна разлика меѓу половите: кога жените пцујат, чувствителноста на болка забележително опаѓа во споредба со мажите. Начинот на кој пцуењето и зголеменото поднесување болка се поврзани, за научниците е се‘ уште енигма. За сега се смета дека пцуењето ослободува природен механизам на заштита. Пцовката како реакција го доведува телото во состојба на зголемена готовност. За време на пцуењето, се забрзува и пулсот, што доведува до зголемување на подготвеноста на агресивна реакција – а тоа помага да се потисне слабоста во втор план. „Пцуењето е вековен феномен. Тоа е универзален човечки феномен. Пцуењето е закотвено во десната мозочна хемисфера, и изгледа дека тоа ги активира декловите на мозокот кои управуваат со емоциите“, вели авторот на најновата студија Џон Стивенс. Сега се покажа дека пцуењето не предизвикува само емоционални, туку и телесни реакции.
аа/жа/сб/дпа
Редактор: Жана Ацеска