Нов инцидент поради проблемот со името
22 октомври 2007Повеќе од четири часови за влез во Грција, претресувани на самиот граничен премин кај Евзони. Без интонирање на македонската химна, најавувани како репрезентативци на ФИРОМ. Одземени сите дресови испишани со името Македонија. Сите овие провокации во Солун ги принуди членовите на експедицијата од 130 млади спортисти од Македонија, еден ден пред крајот да ги напуштат натпреварите на регионалните спортски игри на млади до 18 години од државите на Југоисточна Европа. Бојан Георгиев, шеф на македонската спротска екипа во Солун објаснува: “Имавме секојдневни притисоци и секојдневни обиди од страна на РГ со надеж дека ете еден ден ќе заборавиме на нашата гордост, на нашето достоинство и дека можеби ќе помине еден нивен обид да не‘ наречат ФИРОМ.“
Засега нема официјална политичка реакција од македонска страна
Иако натпреварите се играа на празни стадиони, речиси без публика, грчките организатотри западнеле во водите на дневната анти-македонска кампања, диктирана од властите во Атина. За овој инцидент, кој од спортски прерасна и во политички, е информиран и шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски. Тој засега не реагира. Отсуството на реакција е можеби дел од македонската владина стратегија да не се наседнува на нервозните и агресивни кампањи од Грција околу спорот со името.