Нов залет за блискоисточните преговори
3 јануари 2012Реклама
Со посредство на Блискоистичниот мировен квартет и јорданскиот министер за надворешни работи Насер Џудех треба повторно да се заживее блокираниот мировен процес. Главниот палестински преговарач Саеб Ерекат, меѓутоа, еден ден пред средбата предупреди од преголеми очекувања. Палестинците во септември 2010 година ги прекинаа директните преговори со Израел кусо по нивното ново отворање. Причина за тоа беше спротивставувањето на израелската влада да ја продолжи забраната за изградба на еврејски доселенички населби на палестинските територии.
Автор: СН/ ЕМФ/ ртр/ дпа
Редактор: А. Трајковска