Ново барање за забрана на НПД
25 август 2007Реклама
Европската комисија се изјасни за забрана на неонацистичката партија НПД во Германија. Комесарот за внатрешни работи Франко Фратини изјави дека Германија, заедно со Франција, Белгија, Данска и Италија спаѓа во земјите членки на Унијата кои имаат голем проблем со десниот екстремизам. Канцеларката Ангела Меркел е воздржана во врска со предлогот за покренување нова постапка за забрана на НПД. Таквото барање еднаш беше одбиено од Уставниот суд во Германија во 2003-та година.