Не е прифатена интерпелацијата за работата на Љубиша Георгиевски
1 септември 2007Реклама
Пратениците во македонското Собрание доцна синоќа не ја прифатија интерпелацијата за работата на претседателот на Парламентот Љубиша Георгиевски, поднесена од пратеничката група на ЛДП. Против интерпелацијата гласаа 63 пратеници, а за иницијативата на Либерал - демократите беа 24 пратеници. – Во текот на седницата пратениците од опозицијата упатија забелешки до претседателот на Собранието Георгиевски дека постоело кршење на Деловникот и Уставот, спуштање на нивото и нефункционлан работа на законодавниот дом, како и доминација на Владата во Парламентот. Пратениците од власта оценија дека станува збор за непотребно губење време и партиски маркетинг на опозицијата.