1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нема да се преземаат обиди за насилно ослободување на Јужнокорејците - заложници

3 август 2007

Согласност за ова постигнаа претставници на САД и Јужна Кореја на маргините на форум на земјите од југоисточна Азија - АСЕАН во Манила.

https://p.dw.com/p/BPW6
Дел од учесниците на форумот на АСЕАНФотографија: AP

Министрите од земјите на АСЕАН на средбата во филипинскиот главен град остро ги осудија киднапирањата во Авганистан. Хавиер Солана, претставник за надворешна политика на ЕУ, исто така присутен на форумот, вети соработка со владите на Јужна Кореја и Авганистан за ослободување на заложниците. Австралискиот министер за надворешни работи Александер Даунер се искажа против плаќање откупнина на грабнувачите: “Како земја која има голем број војници, хуманитарни помошници и други цивили во Авганистан, не сакаме да расте бројот на грабнувања, оти некои луѓе во тоа открија добар извор на приходи”.

Учесниците на средбата се согласија дека ќе остваруваат поблиска соработка во борбата против тероризмот и покрај опаѓањето на бројот на терористички акции во југоисточна Азија. Поранешниот американски амбасадор во ОН Џон Негропонте, кој во Манила ја заменуваше Кондолиза Рајс, на маргините на форумот се состана со министрите за надворешни работи на Индија, Кина, Јужна Кореја и на Филипините и им вети на земјите на АСЕАН натамошна американска подршка и соработка.

Надвор, пред заштитните огради околу конференцискиот центар во Манила стотина лица демонстрираа против САД и против присуството на американски трупи на Филипините. “Протестираме против регионалниот форум на АСЕАН, против присуството на американскиот државен секретар Негропонте. Протестираме против американската политика во југоисточна Азија, вклучително и војната против теророт, токму како и против подигањето на трговски бариери” – вели еден од учесниците на протестот.

Бернд Муш-Боровска