Немало нерегуларности на мечот Динамо-Лион
8 декември 2011УЕФА не открила никакви нерегуларни облози на мечот меѓу Динамо Загреб и францускиот Лион кој се одигра во средата. Од европската фудбалска организација одлучија да спроведат истрага за натпреварот, откако беа изразени сомневања во победата на Лион од 7:1.
Шпекулациите одеа дотаму што се наведуваше и дека одредени фудбалери на хрватскиот првак намерно им дозволувале на противничките играчи да постигнуваат голови.
Лион речиси ги загуби шансите за пласман во осминафиналето на Лигата на Шампионите, затоа што освен пораз на Ајакс од Реал Мадрид (0:3) на францускиот тим му беше неопходно и да ја анулира негативата од 8 гола која ја имаше во однос на Ајакс. Оттука и победата на Французите предизвика многу шпекулации. Сите сомнежи ги разби УЕФА со денешното соопштение, а во сличен тон и француските фудбалски истражни органи ги отфрлија наводите за „местенка“.
Автор: БГ/афп
Редактор: Александра Трајковска