Невработеноста во еврозоната се намалува
29 ноември 2013Намалувањето на стапката на невработеност е благо, но по повеќе од две години постојан раст на бројот на невработени, веста е навистина освежување. Во 17-те земји на еврозоната стапката на невработеност во септември изнесуваше 12,2%, што беше рекорд. Во октомври стапката се намалила на 12,1%, соопшти Евростат. Тоа е првпат да биде забележано намалување на бројот на невработени уште од февруари 2011-та.
Сепак, во категоријата на лица до 25 години, бројот на невработени се зголемува. Стапката бележи зголемување од 24,3 на 24,4 проценти. Oсобено драматично е во Грција и Шпанија, каде повеќе од половината млади луѓе се без работа. Двете земји водат во еврозоната според бројот на невработени - во двете стапката на невработеност изнесува 27%.
Најниска стапка на невработеност е забележана во Австрија - 4,8%, а следуваат Германија со 5,2% и Луксембург со 5,9%. Германија има најниска стапка на невработеност во категоријата млади - 7,8%.