1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На лидерската средба во Скопје постигнат напредок

27 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B3lK

Лидерите на власта и опозицијата на денешната средба во Скопје ги доближија ставовите околу законот за јавно обвинителство. Постигнат е е напредок за голем број прашања – соопштија премиерот Никола Груевски и лидерот на опозициската СДСМ Радмила Шакеринска . За една до две неразјаснети прашања како и за изборот на членовите на Републичкиот судски совет за што не се разговарало денеска , ќе биде одржана нова лидерска средба во недела. Ова беше трет лидрски состанок по минатонеделната средба кога беше постигнат начелен договор за деблокирање на процесот на реформи во правосудството .