НАТО побара Македонија да си ги заврши реформите
20 септември 2007Реклама
Мaкедoнија во седиштето на НАТО во Брисел денеска ја презентираше годишната програма на Акциониот план за членство во Алијансата, од чие извршување зависи дали земјата ќе добие покана за прием следниот април. НАТО земјите побараа од Македонија поголем прогрес во политичкиот дијалог и завршување на поставените реформи до следниот февруари за да може да и помогнат на земјата да стане дел од Алијансата. Дипломатите на средбата се интересирале и за безбедносната ситуација во земјата по настаните во Ваксинце и Танушевци и нивната поврзаност со настаните на Косово. Македонската страна одговорила дека се работи за криминални инциденти.