Мушараф повторно кандидат за претседател
27 септември 2007Реклама
Пакистанскиот претседател Первез Мушараф и официјално ќе се номинира на претседателските избори закажани за 6 октомври. Според информациите тој утринава ги пополнил потребните документи за кандидатурата. Силите за безбедност се распоредени во околината на зградата на изборната комисија во Исламабад. Властите уапсија стотици припадници на опозицијата кои протестираа против плановите на Мушараф да се кандидира за втор петгодишен мандат.