Министрите на Г 8 за борбата против тероризам
16 јуни 2006Меѓународната заедница мора да се подготви на обидите на терористичките групи да дојдат во посед на оружје за масовно уништување, предупреди домаќинот на дводневната средба во Мосва, рускиот министер за внатрешни работи Рашид Нургалијев.
На терористите мора да им се одеземе можноста да ја шират својата пропаганда на интернет, како и со негова помош да регрутираат нови кадри. Не е дозволиво на светската компјутерска мрежа да се наоѓаат упатства за изработка и користење на разни видови оружје, нагласи пред колегите од Групата Г 8 рускиот министер за внатрешни работи Рашид Нургалијев.
„Реалноста денес налага нова антитерористичка стратегија. Терористите се обидуваат да дојдат во посед на биолошко оружје. Ним мора под итно да им се оневозможи пристапот на интернет.„
Ваквите заложби на рускиот министер за внатрешни работи секако се поврзани со чеченските терористи, кои на интернет реодвно објавуваат соопштенија за нивните акции, а ги шират и своите политички уверувања. Сите досегашни обиди на руските стручњаци да ги поречуваат ваквите интернет страни се покажаа како неуспешни. Тие сметаат дека интернет редакцијата на чеченските терористи се наоѓа негде во балтичките земји.
Министрите за внатрешни равботи и за правда освен тоа разговараа и за мерки во борбата против нелегалната миграција, трговијата со луѓе и со дрога. Сето тоа му служи на тероризмот. Затоа земјите членки на групата седум најразвиени земји во светот и Русија се залгаат за подобро користење на Интерпол, како и за воведување биометриски податоци на патните исправи, што ќе овозможат посигурно идентификување на патниците – се вели во нацртот на завршниот документ што треба да биде усвоен денеска.