Министерски форум ЕУ-Западен Балкан
3 октомври 2011Планирано е да се одржат работни сесии посветени на визната либерализација, миграциските прашања, управувањето на границите и унапредувањето на соработката со ФРОНТЕКС, борбата против организираниот криминал и соработката со ЕВРОПОЛ, како и борбата против корупцијата.
Утрешниот ден ќе биде посветен на теми од областа на правдата како што се независноста на судството и обвинителството, правната соработка во кривични и граѓански спорови, како и унапредувањето на соработката со ЕВРОЏАСТ. Форумот ќе заврши со презентација на приоритетите во областа на внатрешните работи и на правда за време на престојното данско и кипарско претседавање со ЕУ.
Во текот на форумот, македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска треба да има средба со еврокомесарот Сеселија Малстром и со директорот на Европол, Роберт Веинрајт. Министерката Јанкулоска ќе се сретне и со министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ со кого треба да ја потпише Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји.
Автор: ЕМФ/ БГ/ миа
Редактор: Александра Трајковска