Меркел одговара на критиките за Лама
21 ноември 2007Реклама
Германската канцеларка Ангела Меркел ги отфрли критиките за нејзината средба со Далај Лама во нејзиниот кабинет во Берлин. Во изјава за Билд Цајтунг, Меркел нагласи дека како сојузен канцелар таа сама одлучува кого и каде ќе го прими. Кинеските власти во знак на лутина откажаа повеќе билатерални средби. Во интервјуто за весникот Меркел уверливо нагласи дека коалицијата со Социјалдемократите ќе опстои до 2009 година.