Меркел загрижена поради насилството на Блискиот Исток
25 мај 2007Реклама
Палестинските дипломати го повикаа Советот за безбедност на ОН да ги осуди израелските воздушни напади во појасот на Газа и апсењето на голем број членови на Хамас на Западниот Брег . Израелската авијација продолжува да бомбардира цели во појасот на Газа , Во еден од последните напади бил погоден објект каде што се сметени телохранители на палестинскиот премиер Исмаил Ханија . Израел започна со операциите во Газа поради ракетните напади на палестинските милитанти врз израелска територија. Во меѓувреме германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток:
„ Судирите мора да запрат , мора одново да се напреават обиди за градење на довербата. Насилството неможе да ги реши проблемите“-