Меркел бара подготвеност за компромис
16 јуни 2007Реклама
Канцеларката Ангела Меркел ги повика сите земји членки на ЕУ да покажат подготвеност за компромис во спорот околу уставот. На Европската унија и е потребна нова основа за повторно да биде ефикасна. Меркел денеска во Месебург ќе се сретне со полскиот претседател Лех Качински. Полска бара промена на начинот на распределба на гласовите во Министерскиот совет.