Мексико се активира за заштита на климата
26 мај 2007Реклама
Во борбата за заштита на климата Мексико уште годинава ќе засади 250 дрва. Како што изјави претседателот Фелипе Калдерон од улиците ќе се тргнат и застарените автобуси и автомобили. Планирана е и изградба на електрана на ветер и соларна енергија. Калдерон нагласи дека Мексико мора да преземе одговорност во заштитата на климата, без разлика дали тоа ќе го сторат и останатите големи земји.