1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Мајмунски сипаници во неколку европски земји

ЕМФ | агенции
19 мај 2022

Поради појава на повеќе случаи на мајмунски сипаници во Европа, германскиот институт „Роберт Кох“ повика на внимателност.

https://p.dw.com/p/4BUxI
Infektion mit "Monkeypox Virus" Affenpocken - 1971
Фотографија: Gemeinfrei/CDC's Public Health Image Library

Лицата кои се враќаат од западна Африка, како и мажите кои имаат секс со мажи, во случај на невообичаени промени на кожата би требало „веднаш да побараат здравствена нега“, соопшти германскиот институт „Роберт Кох“.

Симптоми на мајмунските сипаници се осип на кожата, кој често почнува на лицето, а потоа зафаќа и други делови на телото, треска, зголемена температура и болки во мускулите. Најголемиот дел од заразените се опоравуваат по неколку недели. Вообичаено, болеста се пренесува преку близок контакт со инфицирани животни, како глодачи и мајмуни, и е проширена пред сѐ во централна и западна Африка.

Шпанските и португалските здравствени власти вчера (18.05) пријавија околу 40 нови случаи за кои постои сомневање дека се работи за мајмунски сипаници. Во Мадрид се вели дека сите заразени се инфицирале со сексуална активност, иако мајмунските сипаници вообичаено се пренесуваат преку воздух. И во случаите откриени во регионот на Лисабон се работи пред сѐ за заразени млади мажи.

- повеќе: Зоонози - колку се опасни?

Претходно, повеќе случаи на мајмунски сипаници пријави и Велика Британија. Заразените се главно хомосексуални и бисексуални мажи.

- повеќе: Вакцинирање: Смртта не е имуна на фактите

Канадските медиуми јавуваат дека и здравствените власти во Монтреал истражуваат повеќе од десетина случаи на мајмунски сипаници , а еден случај на зараза е утврден и во САД, и тоа на лице кое се вратило од Канада. Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) соопшти дека „секој човек, независно до неговата сексуална ориентација, може да шири мајмунски сипаници“.