1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Малики повика на помош за Ирак

3 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag7q

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики ја повика меѓународната заедница на помош за справување со хаосот и финансиската криза во неговата земја. На почетокот на меѓународната конференција во египетското летувалиште, Шарм ел Шеик, каде се присутни министрите за надворешни работи и дипломати од 50 земји, Малики повика на простување на долговите. На конференцијата, меѓу другите, учествуваат и американската министерка Кондолиза Рајс, иранскиот министер Манушер Мотаки, шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер и македонскиот министер, Антонио Милошоски. Се очекува да биде потпишан договор со кој владата во Багдад ќе се обврзе на реформи. За возврат, според американските планови, земјата би требало да добие помош во економски проекти и во создавањето работни места. На конференцијата нема да се дискутира околу терминот за повлекување на американските трупи од Ирак.