Македонско - грчкиот спор пред решение!?
9 октомври 2005Министерството за надворешни работи на Грција во кусото соопштение не ја изнесува содржината на новиот предлогот на Нимиц но го оценува како неприфатлив.
Претходно македонскиот претседател Бранко Црвенковски во обраќање до јавноста соопшти дека американскиот дипломат Метју Нимиц, во Њујорк предложил нова формула за решение на спорот, но не го наведе новиот предлог на Нимиц. Во саботата претпладне за предлогот разговарше македонскиот државно - владин врв, а за денес е најавена вонредна владина седница во присуство на шефот на државата Црвенковски. Не се исклучува наредните денови да биде свикана и вонредна седница на македонскиот парламент.
Метју Нимиц, со новиот предлог се вели дека ги повика македонската и грчката страна да се подготват за преговори, кои аналитичарите во Њујорк ги толкуваат како можност за решавање на македонско - грчкиот спор.