Македонското малцинство расправа за Енциклопедискиот речник на Албанија
7 октомври 2009Извршниот комитет на партијата на Македоците, Македонска алијанса за европска интерграција, во Тирана на вонредна седница, расправа околу Енциклопедискиот речник на Албанија, каде малцинствата биле претставени како дојденци, а не како автохтоно население, кое со векови живее на денешните простори. На тоа, претходно реагираа претставниците на грлкото малцинство кои речникот го сметаат за деградирачки и дискриминаторски.
Лавина барања за повлекување на учебникот
Македонците кои живеат во Албанија остро реагира и околу последните случувања поврзани со Македонската енциклопедија и искажуваaт чудење зошто толку жолчна реакција за она што е напишано за Албанците, кога и албанските историчари го тврдат истото во учебникот по Историја за дванаесетти клас, односно трета година гимназиско образование. Според Васил Стерјовски, претседател на друштвото „Илинден“ и член на претседателството на Македонската партија, по вокација историчар, во албанскиот учебник уште стои дека „Како резултат на миграцијата на планинците, долините и полињата се наполнија со албански жители, додека словенското население дојде до намалување, дел се раселија, дел се асимилираа“. Тој додава дека и енциклопедијата и учебникот се на иста линија- дека Албанците се доселеници, планинци, симнати од планина, дека ги асимилирале и го ибркале словенското насление.
Се реагира и за она што е напишано за Албанците
Кога станува збор за албанскиот учебник по историја, вели Стерјовски, реакциите прво се однесувале на поголемиот простор отстапен за актуелниот премиер Сали Бериша, а во последно време и за она што во него е напишано за Албанците , поради што албанската јавност го смета за антиалбански учебник. Автори на учебникот се Беќир Мета, Мухарем Дежгиу и Џеваир Леши, кои ништо не ги поврзува со македонштината, нагласува Стерјовски .
Според него , врз нив се истурија лавина реакции од албански политичари, историчари, со барање за повлекување на учебникот. Иако тоа го ветил министерот Муќерем Тафај, тоа досега не е направено.
Автор: Вера Тодоровска
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска