1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија – Грција – име

7 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BDVX

Македонија покажа конструктивност со прифаќањето на нацрт-предлогот на посредникот Метју Нимиц. Очекуваме таква конструктивност да покаже и грчката страна, порача шефот на македонската дипломатија Антонио Молошоски по средбата со потсекретарот на ОН и заменик-директор на Програмата за развој (УНДП), Ад Мелкарт во Скопје. Повикувањето на грчкиот амбасадор во Македонија Теодора Гросоманиду во Атина поради изјавата дека Македонија веќе ја признале под уставното име половина од членките на ОН, Милошоски ја објасни со нервозата на грчките политичари спроти парламентарните избори. Гросоманиду во изјава за весникот “Фајненшел тајмс” порача дека Грција треба да се соочи со новата реалност околу името на северниот сосед.