1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лене: статусот на Косово само преку резолуција во ОН

21 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AzCg

Специјалниот пратеник на ЕУ за Косово, Штефан Лене изјави дека нема друг начин за решавање на статусот на покраината освен преку резолуција во СБ на ОН. Лене кој вчера ненајавено допатува во Приштина, по средбата со косовскиот премиер Агим Чеку изјави дека ЕУ го поддржува планот на Ахтисари. Чеку пак побарал одликата за конечниот статус да се забрза и додаде дека поради можното одлагаење на решението, на Косово постои недоверба во институциите и меѓународната заедница.