Лајчак донесе нови закони и смени полициски функционер
11 јули 2007Реклама
Новоименуваниот висок претставник на меѓународната заедница во Босна, Мирослав Лајчак донесе неколку закони и го суспендираше заменик шефот на полицијата на Република Српска. Драгомир Андан е обвинет за помагање на лица по кои трага Хашкиот Трибунал. Лајчак суспендираше уште 35 полицајци и им ги одзема пасошите на 93 осомничени за воени злосторства или луѓе кои ги помагале.