Конференција за Африка под покровителство на Хорст Келер
3 ноември 2007Реклама
Во замокот Ебербах во германската покраина Хесен денеска ќе продолжи третата по ред Конференција за Африка на Иницијативата “Партнерство со Африка” , основана од германскиот претседател Хорст Келер . 45 учесници на конференцијата ќе дискутираат за последиците од глобализацијата врз африканскиот континент . Покрај Келер на конференцијата присуствуваат и претседателите на Мозамбик, Боцвана, Нигерија и Бенин.