Кина усвои нови мерки за заштита на сопственоста
16 март 2007Реклама
Кинескиот национален народен конгрес на последниот ден од годинашното заседание усвои законски предлози со кои се јакне заштитата на приватната сопственост. Така, за прв пат во Кина приватната се изедначува со државната сопственост. Со овие мерки кинеското раководство очекува поголеми инвестиции од странство. Но, на конгресот е решено да се укинат значителните даночни повластици за странските претпријатија и тие сега ќе бидат еднакво оданочувани, како и домашните.