1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Касјанов ќе се кандидира за претседател

3 јуни 2007
https://p.dw.com/p/AnsC

Поранешниот руски премиер и еден од лидерите на опозицијата Михаил Касјанов ја објави својата кандидатура за следните претседателски избори во земјата. Касјанов синоќа ја доби поддршката од Народната демократска Унија. Сепак анкетите покажуваат дека граѓаните во најголем дел ќе гласаат за канидатот кој ќе го предложи актуелниот претседател Владимир Путин. Касјанов беше сменет од премиерската функција во 2004 по наредба на Путин. Притоа тој го обвини претседателот дека ја задушува демократската слобода и го препушта енергетското богатство на луѓето кои се блиски до Кремљ.