Славниот Карлос Сантана синоќа ги почести со своето присуство граѓаните на Скопје. На Градскиот стадион еден од најдобрите гитаристи на сите времиња одржа голем концерт пред околу 15.000 посетители од земјата и регионот.
https://p.dw.com/p/IlVM
Реклама
Во дологогодишната кариера Сантана настапувал пред повеќе од 100 милиона луѓе, а продадени се и 90 милиони примероци од неговите албуми. На вечната листа на 100 најдобри гитаристи на светот, Карлос Сантана го зазема ласкавото 15 место.