И црногорската полиција го потврди апсењето на Ѓорѓевиќ
17 јуни 2007Реклама
Црногорската полиција изјави потврди дека бараниот хашки бегалец, поранешниот српски полициски генерал Властимир Ѓорѓевиќ е уапсен. Тој се товари за злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната во Косово. За време на косовскиот конфликт Ѓорѓевиќ бил помошник заменик министер за внатрешни работи и началник на ресорот јавна безбедност. Досега се претпоставуваше дека од 2001 година се криел во Русија.