Ирак повеќе не е закана за светот затоа што ние дејствувавме
20 март 2005„ Сега , бидејќи ние дејствувавме , ирачката Влада повеќе не преставува закана за светот и за своите луѓе“ –поентираше американскиот претседател во редовното радио обраќање до нацијата кое овојпат коинцидираше со две годишнината од почетокот на инвазијата на американските и британските сили врз Ирак . Буш истакна дека војната против Садам Хусеин беше значаен настан во историјата на слободата .
„на овој ден пред две години ја започнавме операцијата Слобода за Ирак за да го разоружаме бруталниот режим , да ги ослободиме луѓето на Ирак и да го одбраниме светот од голема опасност “ –истакна Буш кој им се заблагодари на повеќе од 1500 американски војници кои беа убиени во Ирак и им вети на Американците дека останатите војници кои се ангажирани во таа земја ќе се вратат дома :
„На крајот Ирачаните мора да бидат оспособени да ја бранат сопствената земја , и ние ќе и помогнеме на оваа горда нација да ја обезбеди слободата “ –истакна американскиот претседател според кого војната во Ирак предизвика промени на целиот блиски исток:
„ Денес гледаме знаци на надеж на целиот Блиски Исток . Победата на слободата во Ирак ги охрабри новите сојузници во борбата против тероризмот и ги иснпирира реформски настроените демократи во Бејрут и во Техеран“.
„ Сега жените во Авганистан , можат да гласаат , палестинците се на пат да излезат од долгогодишниот модел на насилство , а стотици илјади Либанци го побараа својот суверенитет и демократските права“
Џорџ Буш на крајот од обраќањето истакна дека искуството од последните години ги научило американците на една важна лекција :
„ Опстанокот на слободата во нашата земја се повеќе зависи од успехот на слободата во другите земји . Поради нашето дејствување , слободата фаќа коени во Ирак , а Американците се многу побезбедни“