Илегално оружје за Иран
23 август 2006Во една неупадлива деловна зграда во центарот на Диселдорф се наоѓа фирмата „Ценит Ролерс Џермани“,на интернет стои дека таа тргува со техника за печатење и користени машини.Соседите со месеци овде не виделе никого.Но,тука се одигрувале бизниси со германските сателитски навигациони системи за иранската армија.48 годишниот шеф на фирмата,Иранец,заминал во татковината.Неговиот 24 годишен син,исто така обвинет,се наоѓа во притвор.Јоханес Мокен,портпарол на обвинителствоот во Диселдорф:
-Според резултатите од истрагата,поаѓаме од тоа дека во 2005 година најмалку двапати биле испорачани сателитски навигациони системи во Иран.Тие биле наменети за употреба во тамошната програма за беспилотни шпионски летала.Извозот на вакви апарати е забаранет и се коси со законот за надворешна трговија.
Беспилотните летала можат да бидат користени и како оружје,тие служат за наведување на ракети,треба да ги насочат каде точно да удрат.Она што е особено бризантно политички,постојат докази дека Иран вакви беспилотни летала му давал и на Хезболах,значи,германска техника за ракети врз Израел.
Јоханес Мокен изнесува дека според истрагата,на сите обвинети им било јасно за што ќе бидат употребени апаратите,имено во воени цели,што значи се знаело дека се работи нешто забрането.
Со оглед на можниот германски ангажман во мировните сили на Блискиот исток,илегалните лиферувани апарати од Германија би можеле да бидат и дополнителен ризик за војниците од Бундесверот,предупредуваат стручњациите.