1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел – Сирија

7 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ap0H

Израелскиот премиер Ехуд Олмерт ги отфрли шпекулациите дека неговата земја се подготвува за војна против Сирија. Израел сака да живее во мир со Сирија, порача Олмерт по седница на владиниот кабинет за безбедност. Оваа порака е упатена до Владата во Дамаск по повеќе канали, нагласи Олмерт. Намера на израелската влада е да се одбегнат сите можни недоразбирања, што би можеле да предизвикаат влошување на состојбата. Повод за демантот беа информациите дека Сирија собира оружје и трупи во пограничниот регион и дека Израел возвраќа со подготовки.