Извештајот на ЕК е објективен оцени владата во Скопје
5 ноември 2007Реклама
Македонската влада позитивно ги чита внимателно одбраните дипломатски фрази што ги донесува извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, што официјално ќе биде објавен утре. Во извештајот најголем напредок е нотиран во економијата, а како црни дамки и годинава се посочуваат судството и јавната админситрација.