Зубков за цел има економска стабилност
14 септември 2007Потврдата на функцијата на Зубков од страна на пратениците важеше и претходно за сигурна.Зашто,во Думата мнозинство имаат партиите верни на рускиот претседател Владимир Путин.Тој во средата го разреши претходниот премиер Михаил Фрадков,кој важеше исто за исто негов човек.
Новиот премиер Зубков во својот говор ги претстави клучните точки на својата политика.Покрај иновациите во стопанството се изјасни и за заживување на воено индустрискиот комплекс,значи индустријата за оружје.
Зубков досега беше непознат финансиски технократ.Како шеф на финансиските власти беше одговорен за борба против корупцијата,која исто така ја запиша во своите приоритети.Тој важи за многу близок човек на Путин,со кого работел во 90-те години во Санкт Петерсбург.Набљудувачите досега сметаа дека двајцата заменици премиери Сергеј Иванов и Дмитри Медвејев важат за фаворити за наследник на шефот на државата Владимир Путин.
Но,на општо изненадување,новиот премиер веќе најави и претседателски амбиции:
"Ако постигнам вредни резултати,не исклучувам ваква варијанта",изјави Зубков на прашањето дали ќе се кандидира за претседател на Русија.