„Златна маска“ за Шарл Азнавур
5 јули 2009Охридската публика со долг и громогласен аплауз го поздрави 85 годишниот Азнавур, кој истакна дека македонската песна „Јовано, Јованке“ го трогнала. „Почуствував една страшна сродност на вашата музика со музиката од мојот крај, од моите корени .“
Пред церемонијата на доделувањето на наградата Азнавур имаше ексклузивно интервју за телевизијата А1 во кое меѓу другото истакна:
„Да, за мене Македонија е во Европа. Кога главата е веќе во Европа, зошто да не влезе и телото. Кога сега сум тука мислам и на мојата мала земја, од каде што ми се корените, Ерменија, ама мислам и на мојата голема земја, Франција.“
Шарл Азнавур е препознатлив по нискиот раст и уникатниот тенор. Продал над еден милион албуми. Пеел на повеќе светски јазици, а компонирал над 1000 песни и како актер се појавил во 60 филмови.
Автор: Милчо Јовановски
Редактор: Жана Ацеска