Зголемена терористичка опасност за Германија?
22 јули 2007Реклама
Германскиот министер за внатрешни работи Волфганг Шојбле уште еднаш укажа на зголемена терористичка опасност за Германија, која според него посилно е опфатена во сплетот на меѓународниот тероризам. Државниот секретар Аугуст Ханинг посебно ја именува Ал Каеда. Исламистички насилници од Германија се обучувани во Пакистан и потоа се враќаат назад, вели Ханинг.