Запрена постапката за дефицит против Германија
5 јуни 2007Реклама
Министрите за финансии на ЕУ, и официјално го затворија процесот против Германија за недозволен дефицит којшто траеше од 2003 година. Одлуката на министрите е донесена откако Германија во 2006 година има задолжувања кои се во рамките на дозволените 3% според економскиот Пакт за стабилност. Ваква постапка сега е воведена против Грција и Малта.