Загриженост поради ситуацијата во Конго
23 март 2007Реклама
Советот за безбедност изрази загриженост поради ситуацијата во Демократска република Конго . Борбите меѓу приврзаниците на опозицискиот лидер Жан Пјер Бемба и на владините трупи за кои се јавува од главниот град Киншаса , мора веднаш да бидат запрени- побара Советот . Ова се први тешки борби во Киншаса по доаѓањето на власт на претседателот Јосеф Кабила на 6 декември 2006-та година . Негов најголем ривал на претседателските избори кои беа набљудувани од мировниците од ЕУ , беше токму Жан Пјер Бемба.