Жестоки реакции во Атина
21 септември 2007Реклама
Одлуката на Канада да ја признае Македонија под уставното име предизвика остри реакции во Атина. Лидерот на најголемата опозициона партија Јоргос Папандреу директно ја обвини грчката влада дека е одговорна за одлуката. Ова е „уште еден доказ дека владата не успеала да предвиди, предупреди и спречи таков изненадувачки развој на случувањата“, рече Папандреу. Весникот Катимерини денеска пишува дека на канадскиот амбасадор во Атина веднаш му е врачена протестна нота, како и дека Грција
започнува нова фаза на притисок врз Скопје. Вчера македонското министерство за надворешни потврди дека Отава ја признала Македонија под уставното име.