ЕУ - Николиќ
14 мај 2007Реклама
Европската унија се надева дека по оставката на радикалот Томислав Николиќ на функцијата претседател на парламентот, Србија ќе може да избере демократска влада. Еврокомесарот за проширување, Оли Рен, изјави дека Србија се оддалечува од нејзиното националистичко минато. Според наводите на Рен, тој наскоро ќе отпатува во Белград за да разговара со српското раководство околу можен повторен почеток на преговорите за Договорот за асоцијација и стабилизација. Гласањето за избор на новата српска влада составена од Демократската партија, Демократската партија на Србија и Г17 плус според најавите ќе се одржи утревечер.