ЕУ и’ даде уште една недела рок на Украина
13 ноември 2013Седницата на Врховната рада закжана за 19 ноември ќе биде последната украинска шанса за усвојување на законите што се неопходни за потпишувањето на Договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ, изјави денеска поранешниот полски претседател Александар Квашњевски.
Квашњевски заедно со Пет Кокс ја предводи набљудувачката мисија на Европскиот парламент во Украина. Европските пратеници присуствуваа на вонредното заседание на украинскиот Парламент, на кое во второ читање требаше да бидат разгледани законите за реформа на обвинителството и изборниот кодекс, како и законот со кој на поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко, која издржува седумгодишна затворска казна поради злоупотреба на власта, ќе и’ биде овизмижено лекување во странство.
„Разбираме дека денеска не беше можно да се донесат законите неопходни за потпишување на спогодбата за асоцијација“, изјави Квашњевски, кој заедно со Кокс вечерва треба да го претстави извештајот за резултатите од активнастите на нивната набљудувачка мисија во Украина.
Тој нагласи дека очекува во следните денови да бидат прецизирани сите прашања, по што на 19 ноември ќе биде донесена конечната одлука на Парламентот. ЕУ го условува прашањето за потпишување на договорот за асоцијација со случајот „Тимошенко“, кој многу европски политичари го сметаат за пример на селективна правда.