ЕУ загрижена по најавите на Иран
11 април 2007Реклама
ЕУ е загрижена поради иранските планови за развивање на нивната атомска програма, соопшти германското претседателство со Унијата. Државниот секретар во германското министерството за надворешни Гернот Ерлер изјави дека на Иран мора да му биде јасно дека оди по пат кој води кон изолација, а цената ќе треба да ја плати нивното население.“ Иран наместо да ја прекине програмата за збогативање ураниум како што се бара од него, најави инсталирање и до 50 000 специјални центрифуги во атомската постројка Натан.