ЕУ загрижена од економските планови на Саркози
10 јули 2007Реклама
Францускиот премиер Никола Саркози најави дека ќе се обиде да го елиминира дефицитот во буџетот до 2010 година, но по средбата со министрите за финансии на ЕУ во Брисел, изјави дека можеби тоа нема да му успее до 2012 година ако реформите во неговата земја не го достигнат планираниот економски раст. Економските планови на Саркози предизвикаа загриженост во ЕУ. Европартнерите стравуваат дека Франција нема да може да го почитува новореформираниот Пакт за стабилност.