1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ – енергија

7 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Ap02

Германија, Франција и земјите на Бенелукс имаат намера потесно да ги поврзат енергетските пазари и со тоа да обезбедат подобро и поефтино снабдување со енергија. Претставници на петте држави во Луксембург потпишаа спогодба што предвидува поинтензивна размена на енергија од 1. Јануари 2009-та. Со оваа постапка владите на петте земји извлекуваат консеквенции од распадот на енергетската мрежа во ноември 2006-та кога без електрична енергија останаа делови на Германија, Франција, Белгија, Холандија и Шпанија.