1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ги осуди нападите на курдските бунтовници

22 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Btcy

Европската комисија ги осуди најновите напади на курдските бунтовници против турската армија. Претставник на еврокомесарот за проширување на Унијата Оли Рен ја искажа солидарноста на ЕУ со Турција во борбата против тероризмот. Претходно осуда на нападите искажа и германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер, кој предупреди и од ескалација во регионот.

По последните борби во граничното подрачје спрема Ирак со околу 50 загинати, турскиот претседател Абдула Ѓул ја потврди решеноста за справување со курдските бунтовници во Северен Ирак. Министерот за одбрана засега исклучува офанзива на турски трупи на ирачка територија.